
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во нов фејсбук статус обвини дека одредени политички структури подготвуваат план за дестабилизација на главниот град. Таа директно ги посочи Адеми, Меџити и Ганиу како дел од таканаречената „бизнис коалиција“, која, според неа, била загрозена и сега се обидува да создаде хаос во институциите на Скопје.
„Им се дестабилизира милионскиот бизнис. Им се дестабилизираа Ганиу, Меџити и Адеми. Утрово ми јавија дека сковале план сега да го дестабилизираат Скопје. Ќе почнат со ЈСП, па со Комунална хигиена и ќе креираат хаос за да дефокусираат и да владеат“, напиша Арсовска.
Таа додава дека ваквите активности се обид да се пренасочи вниманието од вистинските проблеми и дека нема да дозволи интересите на граѓаните да бидат загрозени од, како што вели, „бизнис коалицијата“.
Во завршницата на објавата, Арсовска споделува фотографија од настан од вчера, каде, според неа, се гледа „дестабилизираниот елемент“.