Утрински Весник
Скопје

Арсовска: Со континуирани активности делуваме за потребите на ромската заедница

Arsovska 696x462 1.jpg

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска по повод 8 Април Меѓународниот ден на Ромите, како покровител на 12-тиот Конгрес на Интернационалната Ромска Унија, со голема почит им се обрати на присутните учесници од над 30 земји од светот, во име на Град Скопје им го честита празникот и 53 годишнината од Првиот Ромски Конгрес.

-Ние во текот на целата година ги докажуваме преку континуирани активности заедничките напори за справување со предизвиците и делуваме за потребите на ромската заедница, како и на сите останати граѓани. Денешниот ден и неговото одбележување, ја симболизира нашата почит кон ромската заедница, која е значаен дел од нашето општество. Затоа ги славиме различностите и единствено со заедничка работа и почит, можеме да постигнеме поголем напредок за сите граѓани. Почитувани претставници на ромската заедница во Македонија, драги пријатели, ви го честитам денешниот празник – истакна Арсовска.

Лучика Тудор Ромската Кралица делегат на Конгресот, го посети Град Скопје и како одраз на благодарност за соработката истакна дека е среќна што има институции кои ја подржуваат и препознаваат уникатната ромска култура.

Во рамки на Конгресот како еден дел од програмата се одржува и 22. интернационален ромски филмски фестивал „Златно тркало 2024“, на кој се доделуваат награди за најуспешните филмски остварувања.

-Единствено со искажување почит кон сите наши граѓани, ја градиме нашата Македонија како држава во која се почитува различноста и човековото достоинство и целиме кон солидарна и праведна држава за сите нас – соопштија од Град Скопје.

Можете да прочитате

И тоа го има: Преку ноќ му го урнале објектот за да градат зграда

ЈП Лајка: Граѓаните да не оставаат мали кучиња пред нашиот објект

Утре делови од една скопска општина без вода