Утрински Весник
Скопје

Арсовска од понеделник најави докази за криминалот што сите го кријат!

Img 9628.jpeg

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска преку социјалните мрежи откри дека утре, понеделник, со докази во огромен број ќе објави огромен криминал во Скопје којшто бил затскриван, односно игнориран од страна на надлежните иституции.

“Од понеделник ви најавувам фељтон, во кој ќе ги објавуваме едно по едно СИТЕ ОД НАША СТРАНА констатирани и спречени незаконски постапувања и криминал, со аргументи и докази, за кои сеуште никој не постапува од надлежните институции. 💥


Во градот Скопје во три (3) години спречивме над 150 незаконски обиди за легализации на дивоградби.

Спречивме градење на асфалтни бази во населени места, поднесовме кривични пријави за УСЈЕ и други големи загадувачи за кои сите останати молчат, а ние трпиме секојдневни закани.

Отстранивме тендераши, фирми кои работеле во интерес на партии и расчистивме со корупцијата.

За да нема простор за “филозофирање” и “празна реторика”, ќе покажеме дека ГРАДОТ ПОСТАПУВАЛ ВЕДНАШ, а некој друг си тера КАКО И ДО СЕГА!!!”, напиша Арсовска.

Можете да прочитате

Грците тврдат дека „Комитите“ вчера нападнале навивач на АЕК на плоштадот во Скопје (ВИДЕО)

Арсовска од понеделник најави докази за криминалот што сите го кријат!

Луфтханза ќе ги суспендира летовите до Скопје