Утрински Весник
Скопје

Арсовска: Мицкоски сака да сее страв пред вториот круг избори

Danela.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Соопштение за јавност на Град Скопје:

По објавите за медиуми кои се очигледно предизборен обид на МВРО на Мицковски да сеат страв низ Скопје без никаков законски основ дека е приведен директорот на Комунална Хигиена Скопје, градоначалничката јавно го исмеа режимскиот диктатор Мицковски со сатирична објава на социјалните мрежи.


 Мицковистичкиот режим и МВРО да сее страв пред втор круг избори го привело директорот на Комунална Хигиена, за хаосот со ѓубрето кој токму криминалните кадри на Мицковски го креираат. 

Претседателката на Управен одбор Јулијана Спировска, нема да ја апсат бидејќи има албум со сликички со сите функционери на ВМРО.

Јулијана која ја управува Комунална Хигиена Скопје е осуден криминалец во 2022 година со казна затвор за убиство и осуден криминалец во 2006 за нанесување тешки телесни повреди.

Јулијана во КХС ги команда другите членови на Управен одбор од ВМРО и ВЛЕН, кои се поставени од Советот на град Скопје од ВМРО и ВЛЕН.

Јулијана 3 години опструира нови камиони,  инвестициска програма,  вработените кои 5 години ги чистат улиците не можат да земат решение за работа поради нејзините сопартијци од ВМРО и ВЛЕН во Советот.

Јулијана по наредба на ВМРО континуирано со години прави опструкции додека градот не се удави во смет. И сега директоров им е крив кој не можел да набави 35 нови камиони бидејќи тоа Јулијана го одложила за да ги набави Орце. 

 Мицко, кога ќе бегаш од Македонија за некоја година, бидејќи те болат коленцата нема да може во гепек од кола, ќе треба во багаж од автобус да те пренесат низ граница бегајќи накај Будимпешта.

Можете да прочитате

Без струја викендов делови од општините Бутел и Чаир

Град Скопје започна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти

Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух