Утрински Весник
Македонија

Арсовска, која можеше без приватни превозници, распиша нов оглас, отворен е до 21 март

Арсовска, која можеше без приватни превозници, распиша нов оглас, отворен е до 21 март

Град Скопје го распиша огласот со кој ќе ангажира приватни превозници за транспорт на патници во градот, иако пред половина месец градоначалничката Данела Арсовска тврдеше дека и без нив се може. Огласот е за 16 линии, и тоа со број 9, 11, 11А, 12, 19, 20, 22, 23, 45, 47А, 52, 54, 55, 61, 63 и 73. Отворањето на поднесените понуди ќе биде на крајот од март. Огласот пак е активен до 21 март. Критериумите за да бидат избрани се возниот парк, човечките ресурси, логистиката, искуството.

dobivaj vesti na viber

„Пакетите на линии утврдени во овој оглас се доделуваат за период до две години, со можност за продолжување, но не повеќе од вкупно пет години. Постапката за доделување на пакетите на линии и за давање дозволи за вршење линиски превоз на патници во градот Скопје ќе ја спроведе Комисија формирана од градоначалникот на Град Скопје. По завршување на постапката, градоначалникот донесува решение за секоја линија од доделениот пакет. Град Скопје и избраниот подносител на пријава склучуваат договор, кој е составен дел од документацијата за јавниот оглас“, стои во огласот.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на почетокот од годинава елаборираше пред медиумите на тема распишување оглас за приватни превозници. Тогаш беше децидна дека се може и без приватните автобуси по скопските улици.

„Град Скопје може и без приватни превозници, го организираме јавниот превоз, правиме реформа на јавниот превоз, ќе влеземе во процедура и за набавка на нови автобуси, на нови еколошки автобуси, нешто кое што е поддржано и од Советот на Градот Скопје за следната година“, кажа Арсовска на 12 јануари.

Договорот за нов оглас на кој ќе се пријават превозниците падна минатата недела. Засега не се знае како ќе им се исплати долгот од 1.5 милиони евра кој го има ЈСП кон нив.

Можете да прочитате

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим