
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска доби Благодарница од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје по повод 20 Мај – Денот на македонските пожарникари.
– Од името на сите припадници на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје на градоначалничката Данела Арсовска и врачивме благодарница за сите нејзини напори за унапредување и модернизација на условите на Бригадата како и за подобрување на екипираноста обезбедување соодветни обуки за пожарникарите, неопходни за зголемување на подготвеноста за интервенции, известија надлежните.
Командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје Ѕвонко Томевски поднесе рапорт од името на хероите на Скопје за професионалноста, посветеноста и пожртвуваноста што континуирано ја покажуваат за да бидат сите наши сограѓани сигурни и безбедни.
Скопските пожарникари несебично вршејќи ја својата професија во заштита на безбедноста на граѓаните и јавните добра секогаш се подготвени брзо да дејствуваат, изложувајќи се на опасни и тешки задачи во кои животите на другите ги ставаат пред својот. Знаењето, работата, стекнатото искуство и континуираното докажување во справување со предизвиците со кои се соочуваат членовите на нашата бригада секојдневно, ги прави врвни професионалци со кои целиот град се гордее, рече тој.