Утрински Весник
Македонија

Арсовска до Тошковски: Да постапеше на време, немаше да има напад

475773238 939150811615407 8892535365365490964 n.jpg

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку два последователни статуси на Фејсбук упати остри критики до Министерството за внатрешни работи и лично до министерот Панче Тошковски, по настаните поврзани со нејзиниот неодамнешен напад.

Во првиот статус, Арсовска посочува дека надлежните институции биле предупредени на закани уште пред два месеци, но не презеле мерки за да спречат ескалација на насилството.


„Панче, да постапеше пред 2 месеци по заканите, ништо од ова немаше да се случи. Панче, да доделеше обезбедување пред 2 месеци ништо од ова немаше да се случи,“ пишува Арсовска, додавајќи дека јавноста гледа и разбира кој стои зад целата ситуација: „Гледа народот, има очи, има ум. Браните криминалци.“

Во вториот статус, градоначалничката повторно обвинува за пасивност и непрофесионалност во постапките на полицијата, нагласувајќи дека инцидентот не бил етнички, туку директен напад од, како што ги нарекува, „криминалци“.

„Ова не е етнички конфликт меѓу Македонци, Албанци, Чеси или Марсовци. Ова е конфликт против криминалци, на територија во град Скопје каде МВР се плаши да постапува,“ наведува таа.

Арсовска тврди дека таа и нејзиниот тим биле нападнати и оставени без заштита повеќе од еден час, додека полицијата се двоумела како да реагира.

„Во полициска станица не држевте 2,5 часа со обид да измените околности и после да прашувате зошто не потпишувам записник. Ти да потпишеш таков записник, Панче!“, стои во објавата.

На крај, градоначалничката опишува и дијалог со полициски службеник, кој, по нејзиното потврдување дека била нападната, и рекол: „Мило ми е!“. Таа го завршува статусот со прашањето: „Што ви е мило?“.

Можете да прочитате

Границите во колапс, по еден час се чека на Табановце и на Богородица

ЦУК: Осум активни пожари до 18.30 часот, еден под контрола

СДСМ: Автопатот Кичево–Охрид не е заслуга на ВМРО-ДПМНЕ