Утрински Весник
Скопје

Арсовска денеска на суд со вториот што ја нападна во Чаир

Danela arsovska 1024x699.jpg
Dik 300x250 mk

Денес градоначалничката Данела Арсовска го соочува вториот насилник кој на 11 јули 2025 година ја нападна вербално, а при обидот за физички напад беше спречен и задржан од полицијата.

„Насилникот има долга листа на сторени сериозни кривични дела и одлежано повеќе години ефективна казна затвор за истите. Системот им дозволува да напаѓаат, да вршат насилство и да убиваат, поради што слободно се движат“, велат од Град Скопје.


На 11 јули градоначалничката Арсовска беше физички нападната во Општина Чаир, при увид на терен, на локација каде се гради дивоградба спроти Полициската станица Чаир.

Со ова грубо насилство беа предизвикани телесна повреда и чувство на несигурност, загрозување и страв не само кај градоначалничката, туку и во јавноста, поради што, врз основа на оперативните наоди и безбедносната проценка спроведена од Агенцијата за национална безбедност, Министерството за внатрешни работи на 12 јули формално ѝ додели 24-часовна заштита. Ова формално признание ја нагласува реалната и непосредна опасност.

Основниот кривичен суд Скопје на 2 септември 2025 година ја донесе и јавно ја објави пресудата со која обвинетиот Сулејман Љамалари е огласен за виновен за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, по што му е изречена казна затвор во траење од две години, затоа што на 11 јули 2025 година ја нападна физички и изврши грубо насилство врз градоначалничката Арсовска.
Насилникот Љамалари не покажа каење за стореното и со својот однос континуирано ги исмејуваше судот и јавноста. Се очекува исходот од денешното судење.

Можете да прочитате

Мециновиќ: Повикувам на поддршка од сите здраворазумни луѓе, од граѓанскиот сектор – победата ќе биде надпартиска, таков ќе биде и мандатот

Герасимовски: Со преземање на ингеренции на Комунална хигиена и формирање општинско претпријатие го решаваме проблемот со сметот

Утре и во недела посебен режим на сообраќај во Скопје