Утрински Весник
Спорт

Арсенал нуди 50 милиони евра за сензацијата на Шахтјор Доњецк

Арсенал нуди 50 милиони евра за сензацијата на Шахтјор Доњецк

Арсенал ќе направи нов обид да ја купи сензацијата на Шахтјор Доњецк,Михаило Мудрик. Топчиите“ ги договорија личните услови на играчот на крајот на август, но тогаш украинскиот гигант ја одби понудата од 30 милиони евра. Сега се очекува понудата на премиерлигашот да биде 50 милиони евра, а платата на играчот повторно не е проблем.

dobivaj vesti na viber

Според медиумите на Островот, Микел Артета во јануари ќе има 105 милиони евра за трансфери, што значи дека околу половина ќе бидат потрошени за Мудрик.

Њукасл исто така е заинтересиран и за потписот на украинскиот крилен напаѓач, кој оваа сезона има три гола и две асистенции во шест натпревари во Лигата на шампионите.

Поради неговата одлична техника, навивачите во неговата татковина го нарекуваат „украинскиот Нејмар“.

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026