Жоао Феликс има желба да замине од Атлетико Мадрид во зимскиот преоден рок. Клубот е подготвен да му ја исполни желбата, ќе ги разгледа понудите од заинтересираните клубови. Она што е сигурно, Атлетико нема да преговара околу продажбата на фудбалерот, туку клубот е подготвен да го испрати на позајмица.
Арсенал, соочен со повредата на Габриел Жесус го повлече првиот потег, во оби да ги претрка конкурентите Челси и Манчестер јунајтед.
Од Лондон испратиле официјална понуда за младиот Португалец.
Арсенал се подготвени да ја покријат годишната плата на Феликс, која изнесува 7.000.000 евра и да издвојат 9.000.000 евра за позајмица до крајот на сезоната.
Феликс е најскапиот трансфер во историјата на Атлетико. Клубот од „Цивитас Метропилитано“, во јули 2018 година за неговиот трансфер издвои 127.000.000 евра.