Утрински Весник
Спорт

Арсебал триумфираше во Лестер, важни победи за Вест Хем и Лидс

Арсебал триумфираше во Лестер, важни победи за Вест Хем и Лидс

Четири натпревари се одиграа во попладневниот термин во Премиер лигата. Победи забележаа Арсенал, Астон Вила, Вест Хем и Лидс.

dobivaj vesti na viber

Лидерот Арсенал гостуваше во Лестер и ги освои сите три бода.

„Топчиите“ поведоа во 26. минута со голот на Белгиецот Леандро Тросар. Сепак, ВАР интервенираше и го поништи голот, поради фаулот на Бен Вајт врз голманот на Лестер. Првиот заврши без голови, а на почетокот на второто полувреме Арсенал ја обезбеди победата.

Габриел Мартинели, во 47.минута, го користи одлично додавање на Тросар и го постигна единствениот гол на натпреварот, со кој Арсенал ја зголеми предноста над Манчестер сити на пет бода.



Преостанатите три натпревари беа многу важни во борбата за опстанок.

Дербито меѓу претпоследниот и последниот тим во поредокот се одигра на „Еланд Роуд“ каде домашниот тим Лидс беше домаќин на Саутемптон.

На клупата на Лидс дебитираше новиот менаџер, Шпанецот Хави Гарсија.

Во исклучително тврд и тензичен натпревар, решавачкиот гол го постигна дефанзивецот на Лидс, Жуниор Фирпо во 77. минута.

Вест Хем го декласира Нотингем Форест со 4:0. Домашниот менаџер Дејвид Мојс доби ултиматум дека мора да победи на овој натпревар доколку сака да ја задржи работата.

По натпреварот најмногу може да му се заблагодари на 30.годишниот Дени Ингс. Искусниот офанзивец, засилување на Астон Вила, за две минути во вториот дел постигна два гола и го трасираше патот до победата, а потоа победата на „чеканите“ ја потврдија капитенот Деклан Рајс и Микел Антонио.

Конечно, Евертон ја пречека Астон Вила и загуби со 2:0. Двата гола, во второто полувреме ги постигна Аргентинецот Емилијано Буендија, кој како резерва влезе на теренот.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ