Утрински Весник
Македонија

Армијата и одбраната продолжуваат да се развиваат, започнаа годишните билатерални разговори со НАТО

Nato Bilateralni Razgovori 3.jpg

Денеска и утре тим од НАТО – Алијансата предводен од високиот политички експерт и известител за нашата држава Стјуарт Ендрјус ќе учествува на билатералните одбранбени разговори со Алијансата. Разговорите се посветени на плановите за развој на одбранбените способности согласно НАТО целите на способности, вклучувајќи ги и одбранбените планови, финансиите и човечките ресурси во одбраната.

Тимот експерти од Министерството за одбрана, предводен од државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова ќе информира за споделувањето на товарот кое ги вклучува и инвестициите во одбраната. Согласно заложбата за инвестирање во одбраната, усвоена на Самитот во Вилнус во 2023 година, а реафирмирана на Самитот во Вашингтон минатата година, земјава издвојува 2 проценти од бруто-домашниот производ за одбраната, односно 329 милиони евра, од кои над 32 проценти се наменети за опремување и модернизација на македонската Армија.


Пред НАТО-тимот ќе биде потврдена заложбата на Министерството и на државата за континуирани реформи и развој на одбранбените способности во служба на националната и колективната одбрана во НАТО.

Билатералните одбранбени разговори со Алијансата се реализираат секоја година во рамките на НАТО процесот на одбранбено планирање. Процесот на спроведување на одбранбените реформи, плановите за иден развој, како и постигнатото ниво во развојот на одбранбените способности се евалуираат преку повеќе области.

Можете да прочитате

Плата до 5-ти и породилно отсуство од 18 месеци, Левица достави предлози до Собранието

Охрид СОС алармира за изградба на хотел во Горица

Два месеца е исчезнат Миле Тодоров, неговите блиски со апел