Утрински Весник
Македонија

АРМ: Имало недоразбирање помеѓу двајца припадници на Армијата, преземени се соодветни мерки

Armija Arm.webp.webp

Канцеларијата за воени односи со јавноста при АРМ, потврди дека на полигонот Пенуш во Кривлак се случил инцидент помеѓу војници како што претходно пишуваше 24инфо.мк

„Во врска со Вашето прашање, Ве информираме дека  при изведување на обука дошло до недоразбирање помеѓу двајца припадници.

За инволвираните лица  поради нарушување на воената дисциплина веќе се преземени соодветни мерки согласно важечките прописи и Законот за служба во Армијата. Дополнително ве информираме дека истите се во добра здравствена состојба.

Сите активности во Армијата се реализираат плански и организирано и овој настан апсолутно не влијаел на реализација на активноста. Армијата останува доследна во почитувањето на процедурите и стандардите при изведување на сите задачи, со цел обезбедување на безбедноста и професионално постапување на нејзините припадници“ се наведува во одговорот.

Оттаму, се осврнуваат и на случајот со шуга во касарната во Велес, потсетувајќи дека станува збор за инфекција внесена однадвор и дека се преземени сите мерки за спречување на натамошно ширење на заразата.

„Во однос на Вашата објава за случаи на шуга во касарната во Велес, уште еднаш истакнуваме дека согласно податоците и извештаите на Институт за јавно здравје од претходниот период, оваа појава не е изолиран случај и е регистрирана и во пошироката заедница, односно станува збор за внесена инфекција однадвор.

Од страна на Армијата се преземени сите потребни превентивни и медицински мерки во согласност со здравствените протоколи, извршен е лекарски преглед и третман на засегнатите лица, како и дополнителни хигиенско-епидемиолошки мерки со цел спречување на понатамошно ширење“ информираат од Канцеларијата за воени односи со јавноста.

Можете да прочитате

Јаневска: Предлог-законот за високото образование не дозволува вонредно студирање на дел од регулираните професии

Мицкоски: Очекувам инфлацијата да биде под 3 проценти, во рамки на проектираното

Тренчевска: Откако Мицкоски се откажа од нов авион, парите да се наменат за минимална плата од 600 евра