Утрински Весник
Македонија

АРКТИКОТ ЌЕ ГИ ЗАЛЕДИ ЕВРОПА И БАЛКАНОТ: Првата декада од Ноември ни носи температури и од под -10 степени!

1000006605.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Најновото ажурирање на Европскиот модел (ECMWF)  укажува на тоа дека во првата декада од месец Ноември, најголем дел од Европскиот Континент, како и целиот Балкан буквално ќе бидат заледени поради продорот на многу ладен воздух кој ќе се спушти кај нас од Арктикот. Во ваква ситуација, на многу места и градови се очекува  и првото провејување на снег за оваа сезона (зборуваме особено за пониските места, односно за градовите).

Овој многу ладен воздух со потекло од Арктикот, ќе ни го донесе  и првиот сериозен мраз за оваа сезона, со што очекуваме температури дури и до -10 степени, локално може тие да бидат и пониски, особено на високите планински места.

Јас  и понатаму постојано ќе ја следам оваа состојба околу првиот поранет силен зимски удар кај нас, и навремено ќе ве информирам околу секоја ново – настаната временска состојба.

Можете да прочитате

Опожарени три возила во гаража во Батинци, при гаснењето повредено едно лице

Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди пренесен во болница

Филков: Барањата од ДУИ се националромантичарски теми од минатиот век