Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Аријана Гранде и Далтон Гомез се разведуваат

Аријана Гранде и Далтон Гомез се разведуваат
300x250 opst2

Аријана Гранде и Далтон Гомез наводно се разведуваат.

dobivaj vesti na viber

Поп-ѕвездата (30) поттикна гласини дека има проблеми во бракот кога минатиот викенд се појави на Вимблдон без венчалниот прстен од сопругот агент со луксузни недвижнини, со кој е во брак повеќе од две години.

Според извори блиски до парот, како што пренесуваат „Пејџ сикс“ и „ТМЗ“, Аријана и Далтон не се повеќе заедно од јануари.

„Заедно дојдоа до одлука,“ рече инсајдерот, додавајќи дека имале проблеми од почетокот на годината и не успеале да го спасат бракот.

Како и да е, двајцата сакаат да останат добри пријатели.

„Тие имаат само почит еден за друг. Уште се пријатели и сакаат да го задржат пријателството. Немаше неверство или нешто лошо помеѓу нив, туку бракот, едноставно, не функционираше. Се случуваат вакви работи.“

Аријана последен пат беше видена со бурма на раката во април на концертот на Џеф Голдблум во Лондон.

Таа и Далтон тајно се венчаа во мај 2021 година во нејзината куќа во Монтесито, Калифорнија.

Можете да прочитате

Ова овошје е најдобро да се јаде наутро ако сакате да ослабете

Лутеница со моркови и пиперки: Според рецептот на баба за уживање во текот на целата зима

Нова надеж за пациентите со хронични рани, комбинација на лекови со неверојатен ефект