Утрински Весник
Скопје

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан го одликуваше градоначалникот Ѓорѓиевски со орден за посебен придонес

4 1.jpg

Со одлука на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и врз Уставот на МПЦ, денес градоначалникот Орце Ѓорѓиевски беше одликуван со орден за посебен придонес, кој го носи името на првиот Поглавар на возобновената МПЦ-ОА, ,,Архиепископ Доситеј”. -Ова е посебен ден кој ќе го паметам целиот мој живот!  Денес, со одлука на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и врз на Уставот на МПЦ, сум одликуван со орден за посебен придонес! Признание, кое многу мал број на луѓе го имаат добиено во историјата на МПЦ. Ова одличие ,,Архиепископ Доситеј” кое го носи името на првиот Поглавар на возобновената МПЦ-ОА, е признание за мојот придонес за поставувањето на Крстот во Драчево и реконструкцијата на храмот ,,Света Петка” во Црниче. Како човек кој е израснат во семејство кое ја почитува верата и традицијата, мојата водилка секогаш е Бог. И секогаш, колку што можам ќе помогнам на сите, на Црквата и на нашиот народ. -Да се трудиме да станеме подобри луѓе, да има добра мисла помеѓу нас и секогаш да си подаваме рака – тоа е мојата вековна мисија! Сакам да изразам огромна благодарност до Неговото Блаженство г.г. Стефан кој секогаш е моја поддршка и ми дава мудри совети и Светиот Синод за оваа чест, сакам од срце да им се заблагодарам и што успеаа да донесат светлина во ова време, да го сплотат нашиот горд македонски народ и да влеат надеж за да опстоиме. Благодарам и на мојот тим кој е секогаш до мене, благодарам на сите вас кои сте моја поддршка, а најмногу на моето семејство, истакна Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Не може градоначалник да биде незаменлив, највисок суверен треба да се граѓаните без отстапувања

Јанчева: Добро е што Владата прифати една мерка на СДСМ, Советот на Скопје да ги поддржи сите три

Нафтата е доставена до ЈСП се очекува утре да има нормален возен ред