Утрински Весник
Спорт

Аргентински репрезентативец обвинет за силување

Аргентински репрезентативец обвинет за силување

Гонзало Монтиел со фудбалската репрезентација на Аргентина го освои Светското првенство во Катар и уживаше во фудбалски рај, но само неколку месеци подоцна преживува пекол. Стрелецот на последниот пенал во рулетот во финалето против Франција е обвинет за сексуален напад, кој се случил уште пред четири години.

dobivaj vesti na viber

„Чинот се случил на 1 јануари 2019 година за време на роденденската забава на Монтиел, а учествувале неколку луѓе во куќата на фудбалерот и пенетрирале во жрвата. Девојката е модел, која не пие алкохол, но после две чаши на роденденот била речиси во бессознание, а тоа го искористиле злосторниците“, изјави адвокатката Ракел Хермида за аргентинското „Радио 10“.

Девојката имала куса љубовна врска со аргентинскиот фудбалер, а обвинението сега е проширено и поради закани кои го добивала од кругот на неговото семејство.

Можете да прочитате

Турскиот Самсунспор славеше против Шкендија во Скопје

Тројца тенисери ослободени од обвинение за прекршување на антидопинг правилата

ЗОИ 2026: Прво олимписко злато за Шпанија