Утрински Весник
Економија

Јаревски: Власта има проблем како да се соочи со реалноста, а тоа е дека граѓаните немаат леб да јадат и дека сиромаштијата расте

Јаревски: Власта има проблем како да се соочи со реалноста, а тоа е дека граѓаните немаат леб да јадат и дека сиромаштијата расте

На власта повеќе не им поминува ништо кај народот, па се доведоа во ситуација да се лажат самите себеси. Таква е атмосферата во овој дом овие 14 дена, таква се состојбата на нивните партиски митинзи и на јавните настапи. Дали живеат во виртуелен свет или имаат проблем како да се соочат со реалноста, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, на денешната собраниска седница.

dobivaj vesti na viber

Тој посочи дека додека власта бега од реалност, сите други ја живеат реалноста и таа не е добра.

„Предлогот за реконструкција на Владата не е по програма, туку ‘пазар 3’. Што и друго да се каже за оваа Влада и премиер, кој изгуби контакт со реалноста. Се движите упорно надолу, губите коалициски партнери, кадри за кои велевте дека ќе бидат носители. Во реалноста ги доведовте луѓето да немаат леб да јадат. Имаме Влада, институции што имаат обврска да ја следат состојбата, да дефинираат проблеми и да ги решаваат, а ако се случи проблем, да го решат во брз рок. Тие се платени за тоа, за државата да расте, а не да пропаѓа“, изјави Јаревски.

Јаревски потсети дека денот кога снема леб, Ковачевски се фалеше на говорница дека ќе имало предвидливост во производството на храна.

„Сè уште нема, патем кажано. Кажете каква ќе биде предвидливоста? Имаме молк од страна на Владата“, рече тој.

Јаревски потенцира дека време е власта да се соочи со реалноста дека носи сиромаштија и дека податоците покажуваат дека таа расте, односно има нови 13.000 нови сиромашни, од кои 5.000 деца.

Можете да прочитате

Во Одборот на директори на ЗК Пелагонија влегува Јове Кекеновски

Нова инвестиција на турската компанија „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје, до 200 нови работни места

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот