Утрински Весник
Магазин

Арена Спорт го раскинува договорот – крај на преносите од македонското првенство

Img 4740.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Регионалната ТВ мрежа Арена Спорт ќе го прекине договорот со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и повеќе нема да врши пренос на натпреварите од македонската Прва лига, јавува Спортспорт. Според извори, Арена Спорт ги смета натпреварите од ПМФЛ за „циркус“ и не се заинтересирани за понатамошно покривање. Од почетокот на сезоната, во изминатите осум кола, не беше пренесен ниту еден натпревар. Ова значи дека и Македонската телевизија (МТВ), која ги преземаше преносите од Арена Спорт, ќе остане без можност да емитува македонски фудбал.

Во последните три сезони, преку Арена Спорт и МТВ, фудбалските навивачи имаа можност да ги следат натпреварите во живо. Но, со овој развој на настаните, тоа ќе биде невозможно, барем за догледно време.

Сепак, за љубителите на македонскиот фудбал останува можноста да ги следат натпреварите на Вардар и Брера, кога играат на домашен терен, преку регионалната ТВ мрежа Спортклуб.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 25 декември 2025 година

Како правилно да перете чевли во машина без да ги оштетите

Никогаш не заспивајте со шминка!