Утрински Весник
Македонија

Арбен Тарави поднесе тужба за клевета против Изет Меџити.

Taravari 400765 416046 428325 428464 428906.jpg

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот суд Скопје 2 против градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.

Тужбата доаѓа по изјавите дадени од Меџити во телевизиска емисија на Lajm TV, каде што тој тврдел дека Таравари за време на својот мандат како министер, издал седум лиценци за фабрики за преработка на канабис. Според соопштението, пред поднесувањето на тужбата бил даден и законски рок за јавно извинување, кој Меџити не го искористил.


Таравари категорично ги демантираше овие обвинувања, оценувајќи ги како невистинити и клеветнички. Тој претходно најави дека ќе преземе правни чекори доколку не биде упатено јавно извинување за дадените изјави.
Со поднесувањето на тужбата во Основниот суд Скопје 2, случајот сега се очекува да добие институционален тек.

Можете да прочитате

Пет години затвор за турските државјани кои беа соучесници во убиството во кафуле во Штип

Осомничениот за убиството во Старо Нагоричане е во затвор Куманово

Со молитва, благодарност и почит – Кочани ќе ја одбележува годишнината од „Пулс“