Утрински Весник
Свет

Арагчи: САД побараа прекин на војната

Aragci.webp.webp

Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи во интервју истакна дека САД побарале прекин на конфликтот со Иран.

Арагчи во интервјуто рече и дека САД и Израел убиваат ирански цивили.


„Тие убиваат наши луѓе, убиваат ученички, напаѓаат болници“, рече Арагчи.

Тој оцени дека Израел и САД веќе го прекршиле примирјето постигнато по минатогодишната дванаесетдневна војна.

„Сега повторно барате прекин на огнот? Не функционира така“, рече Арагчи, додавајќи дека е потребен траен крај на војната.

„Додека тоа не се постигне, мислам дека мора да продолжиме да се бориме за доброто на нашиот народ и нашата безбедност“, рече тој.

Арагчи рече дека „соработката меѓу Иран и Русија не е нова или тајна“, но не потврди дали руското разузнавање му помага на Иран да пронајде американски воени цели.

Арагчи, исто така, истакна дека Иран не ги нападнал намерно соседните земји.

„Ние напаѓаме американски бази, инсталации и средства, кои, за жал, се наоѓаат на територијата на нашите соседи“, рече тој.

Можете да прочитате

Шест лица загинаа во автобус во Швајцарија: Патник се полеа со бензин и се запали

Голем ирански напад со ракети и дронови врз Израел и земјите од Заливот

Зеленски: Три опремени тимови на украински воени експерти за беспилотни летала пристигнуваат во Катар ОАЕ и Саудиска Арабија