Утрински Весник
Македонија

Апсени тројца дилери, пронајдена дрога во Скопје

Img 3612.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

По преземени мерки и активности, на 05 и 06.03.2024 во заедничка и координирана акција, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија ги лишиле од слобода Ф.П.(29), Д.Д.(32) и Д.П.(25), сите од Скопје.
На 05.03.2024 околу 22.00 часот на подрачје на Карпош, пред зградата во кој времено престојува Ф.П., од слобода бил лишен Д.П., при што кај него биле пронајдени пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Подоцна, при претрес во станот кој го користи Ф.П., извршен со судска наредба, тој бил затекнат како со Д.Д. пакуваат марихуана. Притоа, биле пронајдени 78 пакувања со марихуана, ќеса со марихуана, бела прашкаста материја, дигитална вага, пари и други предмети со остатоци од наркотична дрога.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

СДСМ: „Во Македонија – Резолуција. Во Третиот рајх – Декрет. Има ли разлика?“

Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на „Aлкалоид“ 

Намалена видливост кај Ресен и Удово