Утрински Весник
Македонија

Апсењето на Тодоровиќ е за „Скопје 2014“, закажана и прес-конференција на обвинителот Лапе

Апсењето на Тодоровиќ е за „Скопје 2014“, закажана и прес-конференција на обвинителот Лапе

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција закажа прес-конференција за постапувањето по предметот за „Скопје 2014“. Ова доаѓа откако беше уапсен поранешниот градоначалник на Центар и сопственик на ланецот маркети „Тинекс“, Владимир Тодоровиќ и Владимир Здравев, исто така поранешен функционер на Општина Центар.

dobivaj vesti na viber

„Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја презеде надлежноста на предметот по згаснувањето на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, со одлука на Јавниот обвинител на РСМ по предметот продолжи да постапува јавниот обвинител Љубомир Лапе кој ќе ве запознае со текот на постапката“, велат од Обвинителството.

Пред 5 години Финансиската полиција поднесе кривична пријава против три лица, меѓу кои и ексградоначалникот на Општина Центар, за криминал за изградбата на пешачкиот мост „Око“, кој е дел од проектот „Скопје 2014“.

Здравев беше претседавач на Советот на Општина Центар во мандатот на градоначалникот Владимир Тодоровиќ, од 2009-2013, кога Советот ги донесе сите измени на плановите за да се изведе „Скопје 2014“.

Обвинителството најави и прес-конференција за овој случај во 13 часот.

Можете да прочитате

Левица: Оставка од Трипуновски по двата големи скандали со поткуп во Министерството

По шест дена штрајк со глад: Сопругот на исчезнатата Злата итно хоспитализиран 

Николоски: Штип и источниот дел на Македонија добиваат прво туристичко вештачко езеро, ќе биде завршено во 2027 пред предвидениот рок