
Вчера (11.02.2026) во 13:30 часот, во Скопје, во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.Г.(55), информираат од полицијата.
Според полицискиот билтен, полициските службеници постапиле по претходна пријава дека приведениот најпрво упатувал вербални закани, а потоа со остар предмет се заканувал на З.К.(59) и на членови од неговото семејство.
По преземените мерки и активности, лицето било приведено во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.


