Утрински Весник
Свет

Апсења во случај на корупција во кој е вклучена агенција на НАТО

Apsenje 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Неколку лица се уапсени како дел од голема антикорупциска истрага во која е вклучена агенција на НАТО, објавија денеска судските системи на Белгија, Луксембург и НАТО.

„Благодарение на истрагата што ја започна Агенцијата за национална безбедност и набавки (NSPA) на НАТО, судските власти во неколку земји уапсија неколку лица обвинети за корупција во врска со договори со Алијансата“, изјави портпаролка на НАТО.


Белгискиот правосуден систем соопшти дека се уапсени двајца осомничени.

„Истрагата се фокусира на можни неправилности во доделувањето договори на одбранбени компании за купување воена опрема за НАТО, како што се муниција и беспилотни летала“, се вели во соопштението на белгиските судски власти.

Истражителите се сомневаат дека неколку вработени во NSPA, и активни и пензионирани, им давале класифицирани информации на компаниите за да им помогнат да обезбедат договори.

Луксембуршката полиција, од своја страна, изјави дека извршила неколку претреси во Луксембург, каде што се наоѓа седиштето на NSPA, и дека запленила „документи корисни за утврдување на вистината“.

„Белгиските, холандските, италијанските, шпанските и американските власти спроведоа истовремени операции што доведоа до апсење на осомничените“, се додава во соопштението.

НАТО, од своја страна, тврди дека работи во „тесна соработка“ со судските власти, така што одговорните ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

МИА

Можете да прочитате

Повеќе од 200 цивили убиени во етнички напади на РСФ во регионот Дарфур

Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула

Украина ноќеска соборила 30 дрона, Русија неутрализирала 25, запалена е рафинерија во Самарскиот регион