Полицијата при контроли заплени хероин, марихуана и друг вид дрога. Уапсени се тринаесет лица, од кои повеќето се во Скопје, а другите во градови во Македонија.
„Ноќеска, околу 00.30 часот, во близина на спортската сала во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ја лишиле од слобода 31-годишната А. Н. од Пробиштип затоа што кај неа бил пронајден и одземен хероин. Во 3.10 часот, пак, на улицата Маршал Тито во Тетово го лишиле од слобода 20-годишниот С. Г. од Скопско затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка“, велат од МВР.
Во Скопје имало осум вакви случаи.
„Вчера, во 22.45 часот, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М. Ѓ. (18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Во 23.50 часот на подрачјето на Бит-пазар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М. И. (25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашеста материја. Ноќеска, во 2.20 часот, на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А. Ј. (23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашеста материја. Исто така, ноќеска, во 1 часот, на подрачјето на Карпош, полициски службеници го лишиле од слобода В. Д. (22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашеста материја. Вчера, во 21 часот, на подрачјето на Бит-пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П. Е. (19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Исто така, вчера, во 22.45 часот, на подрачјето на Бит-пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А. И. (20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Вчера, во 22.50 часот, на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д. С. (23) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. На подрачјето на Ѓорче Петров полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д. М. (40) од Скопје“, велат од МВР
Ноќеска, по полноќ, на автопатот Гостивар – Тетово, во близина на неготинската клучка, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 42-годишниот А. М. од тетовско Горно Палчиште затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
„Вчера, во 22.30 часот, во близина на населбата Езерски Лозја во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишиле од слобода С. С. (23) и О. Ц. (23), двајцата од Република Австрија, затоа што при преглед на возилото „бмв“, со австриски национални ознаки, во кое се наоѓале, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. Околу 21.30 часот, на улицата Саво Тасевски во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 18-годишниот тетовец А. Ш. затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана“, додаваат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против лицата ќе следува поднесок од полицијата.