Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Апсења на Табановце: Италијанка и Германец се обиделе да внесат дрога

Gp Tabanovce.jpg
Img 7972

Вчера во 09:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ја лишија од слобода А.П.(23) од Италија. При граничниа контрола, односно преглед во возилото „фиат типо“ со италијалнски национални ознаки, во кое се превезувала како сопатничка, под нејзиното седиште и во нејзиниот личен багаж пронајдени и одземени се марихуана и кафена материја.

Исто така, на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода и Н.П.(31) од Сопјузна Република Германија. При гранична контрола, односно преглед во возилото „фолксваген голф“ со германски национални ознаки, кое го управувал, пронајдени и одземени се марихуана и други предмети.


Тие се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Претрес во Скопје, пронајдена марихуана, лишени од слобода две лица

Скопјанка пронајдена почината во својот дом

Натепани двајца малолетници во Карпош, се трага по три лица