Утрински Весник
Свет

Јапонија планира рекорден буџет за одбрана во услови на големи тензии со Кина

Japonija.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Јапонската влада одговара на повеќенеделните големи тензии со Кина со рекордно трошење за националната одбрана, пренесе ДПА.

Предлог-буџетот за фискалната 2026 година, кој кабинетот го одобри денеска, предвидува зголемување на воените расходи за 3,5 отсто на околу 9 трилиони јени (58 милијарди долари).

Околу 100 милијарди јени се наменети за развој на систем наречен „Штит“ (Shield), чија цел е да го заштити долгиот брег на Јапонија и оддалечените острови од бродови, подморници и дронови.

Военото засилување се случува во услови на зголемени тензии со соседна Кина по изјавите на премиерката Санае Такаичи за Тајван во ноември. Такаичи рече дека евентуален напад на Кина врз островот би претставувал „егзистенцијална закана“ за Јапонија, што би можело да доведе до искористување на нејзиното право на самоодбрана.

Пекинг одговори со остри критики, предупредувања за патување, откажани летови и забрана за увоз на јапонска морска храна. Планот на Јапонија да стационира ракети на островот Јонагуни, кој е на помалку од 110 километри од Тајван, исто така наиде на бурна реакција.

Токио неодамна протестираше откако кинески воени авиони наводно ги целеле јапонските борбени авиони во близина на јужниот јапонски архипелаг Окинава со специјален радар за следење цели. Пекинг ги негираше обвинувањата.

Предлог-буџетот за фискалната година која почнува на 1 април изнесува рекордни 122,3 трилиони јени, наменети за финансирање на растечките социјални трошоци со оглед на забрзаното стареење на јапонското општество.

И покрај рекордните даночни приходи, владата ќе издаде дополнителни обврзници за финансирање на националниот буџет. Агресивната политика на трошење на Такаичи изврши притисок врз јенот во однос на главните светски валути. Националниот долг на земјата веќе е повеќе од двојно поголем од нејзиниот годишен бруто домашен производ (БДП).

Можете да прочитате

Во Русија разбиена мрежа на печатници кои фалсификувале пасоши и други документи

Папа Лав Четиринаесетти: Доста беше војна во Украина, сега Москва и Киев нека разговараат

Трамп соопшти дека САД извршиле напади врз цели на Исламска држава во Нигерија