Утрински Весник
Свет

Јапонија ги доби првите три борбени авиони „Ф-35 Б“

Avioni.webp.webp
Dik 300x250 mk

Првите три повеќенаменски стелт борбени авиони Ф-35 Б „Лајтнинг II“ на јапонските воздухопловни сили за самоодбрана пристигнаа денеска во воздухопловна база во јужниот дел на земјата, јавија светските агенции.

Купувањето на американските ловци од страна на Токио е нов чекор за зајакнување на одбраната во услови на зголемена тензија во регионот, наведуваат агенциите.


Меѓу новите дополнувања се три од четирите „Ф-35 Б“, што се планира да бидат стационирани во воздухопловната база Њутабару во префектурата Мијазаки. Четвртиот ловец ќе пристигне подоцна, објавија Јапонските воздухопловни сили за самоодбрана.

Авионите, кои имаат функција за кратко полетување и вертикално слетување, ќе летаат од два јапонски носачи на хеликоптери – Изуму и Кага, кои беа модифицирани за да бидат компатибилни со ловците.

Јапонското Министерство за одбрана соопшти дека уште четири борбени авиони „Ф-35 Б“ ќе бидат доставени до воздухопловната база Њутабару до крајот на март 2026 година.

Можете да прочитате

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина

Германскиот челичен сектор во „егзистенцијална криза“, предупреди Мерц

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник