Утрински Весник
Спорт

Јапонците спречија триумф на Ренџерс во Олд фирм

Јапонците спречија триумф на Ренџерс во Олд фирм
Dik 300x250 mk

Ренџерс и Селтик освоија по еден бод, откако одиграа 2:2 во дербито на Глазгов. По 20 рунди, Селтик ја задржа предноста на врвот од девет бода, во однос на најголемиот ривал.

dobivaj vesti na viber

Ренџерс и Селтик го одиграа 432. Олд фирм на „Ајброкс парк“. Почетокот и крајот им припадна на фудбалерите на Селтик. Ренџерс беа подбри во второто полувреме, кога успеаја да направат пресврт, но не и да победат.

Маеда го постигна првиот гол во петтата минута. „Полицајците“, во вториот дел за само шест минути направија пресврт. Кент во 47. минута израмни, а Таверније од пенал во 53.минута погоди за 2:1.

Конечниот резултат го постави Кјого во 87.минута. Кјого со 15 гола е најдобриот стрелец во Премиер лигата на Шкотска.

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен