Метео анализа на Славчо Попоски:
Под влијание на циклон од западна Европа, денес доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон недела Атмосферата во Македонија позначително ќе се дестабилизира и ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со локален пороен дожд, грмежи и силен ветер.
Поради загреаната Атмосфера која ќе биде исполнета со енергија, и тоа поради топлиот бран од Африка, локално ќе има појава на по силно невреме, проследено со обилен пороен дожд, бурен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на крупен град. Токму поради ова апелираме на претплазливост.
И во Скопскиот регион денес попладне и навечер ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на невреме.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие би можеле да се искачат и до околу 31-32 степени.
Нестабилно време и со пороен дожд, грмежи, силен ветер и локално невреме ќе се задржи и во недела, како и во текот на следната седмица, зо што од наша страна ќе следуваат нови метео предупредувања.