Утрински Весник
Македонија

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Laskarci 600x375 1.jpg

Апелациониот суд изрече повисоки казни за осудените во случајот „Ласкарци“, што значи дека ги прифати жалбите на Обвинителството, а ги отфрли на обвинетите.

Со новата пресуда, затворската казна на Дурмиш Белули, сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, е зголемена од четири на десет години. Истиот број години доби и Ремзи Мифтари, одговорен за транспорт во фирмата. На двајцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски и Горан Дуковски, казните им се зголемени од пет на седум години затвор. Казните на третиот инспектор, Јане Боваровски, и на возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, остануваат исти – пет, односно 14 години затвор.


Во продолжение соопштението од Апелација:

„Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-979/24, во јавноста познат како „Ласкарци“, по одржана јавна седница на 02.04.2025 година, а по спроведено советување и гласање на нејавен дел од седницата на ден 17.04.2025 година, донесе пресуда со која

– ги одби како неосновани жалбите на обвинетите Д.Б.од с.Б.Г, И.Ѓ.од Г., Г.Д. од Г., Ј.Б од Г., а делумно ги уважи жалбите на обвинетите Р.М. од с.Ч, Г и М.Т од Г. и

– делумно ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, на начин што:

Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје ја преиначи према обвинетите Д.Б.од с.Б.Г, И.Г.од Г., Г.Д. од Г., Ј.Б од Г. во делот на кривичната санкција, за обвинетиот Р.М. од с.Ч, Г по однос на засметувањето на мерката куќен притвор во изречената казна и висината на истата и за обвинетиот М.Т од Г. по однос на засметувањето на мерката куќен притвор во изречената казнаи се осудуваат и тоа:

обвинетиот Д.Б.од с.Б.Г на казна затвор во траење од 10-десет години;

обвинетиот Р.М од с.Ч.Г. на казна затвор во траење од 10-десет години,

обвинетиот И.Ѓ. од Г. на казна затвор во таење од 7-седум години;

обвинетиот Г.Д. од Г. на казна затвотр во траење од 7-седум години и

обвинетиот М.Т. од Г. на казна затвор во траење од 14- четиринаесет години.

Истовремено под став II од одлуката, со решение се уважени жалбите на оштетените по однос на решението за трошоци кое овој суд го укина и предметот во тој дел го врати на повторно постапување пред првостепениот суд.

Жалбите на оштетените по однос на одлуката за имотно правно барање ги отфрли како недозволени, согласно член 411 став 4 од Законот за кривична постапка, информираат од Апелација.

Можете да прочитате

Потпретседателот на Левица положи цвеќе по повод 80 години од победата над фашизмот

Филипче: Јавно ги повикувам ВМРО ДПМНЕ да го разгледаме и поддржиме Законот за Кочани

„Максим ве искористи“ претседателот на ОО СДСМ Куманово со порака до членовите на ЗНАМ