Утрински Весник
Македонија

Апелација ја укина пресудата против Лидија Димова

20230202102633 big 730x400 84.webp.webp

Апелационен суд Скопје ја укина првостепената пресуда против Лидија Димова, поранешна директорка на Еразмус, и предметот го врати на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје. Од Судот наведуваат дека во првостепената пресуда нејасно е за кои дејствија е винова Димова, а за кои дејствија е ослободена.

„Апелациониот суд Скопје информира дека, по одржана јавна седница на 11.03.2026 година, донесе одлука со која ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје и на обвинетата Л.Д. од С. По повод жалбите и по службена должност, пресудата на Основниот кривичен суд Скопје во обжалениот осудителен дел и во обжалениот ослободителен дел од изреката е укината поради сторена суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка во поглед на фактите што ги чинат обележјата на предметните кривични дела кои и се ставаат на товар на обвинетата, со што со првостепената одлука е нејасно за кои дејствија обвинетата Л.Д. од С. е огласена виновна, а за кои дејствија е ослободена од обвиненијата“, соопштија од Судот.


Претходно, Основниот кривичен суд ја осуди Димова на две години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување, како и обврска да надомести штета од 22,7 милиони денари на Националната агенција за образование

Можете да прочитате

Обвинение за над 6,5 милиони евра штета на буџет

Намален бројот на ученици во основните училишта

Измамен тетовец, останал и без пари и без работна виза за Германија