Утрински Весник
Македонија

Апел за рационално користење на водата: Во Припор и Сопиште енормна употреба на вода

Img 0950.jpeg

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопјеапелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. 

Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на бавчи и ниви, полнење на базени и сл. што предизвикува нестабилност во водоснабдувањето во високите зони на градот, како што е на пример Припор и Сопиште каде во текот на последните неколку денови е забележана енормна потрошувачка на вода, која доколку не се рационализира може да доведе и до прекини во водоснабдувањето. 

Врз основа на податоците  на ЈП Водовод и канализација – Скопје за зголемена потрошувачка на водата, чие дневно производство достигнува и над 340 000 метри кубни вода што е за 30% зголемување во однос на зимскиот период, апелираме до граѓаните на градот Скопје рационално да ја користат и употребуваатводата за пиење, односно да се избегнува полевање поголеми површини, разладување на дворни површини, улици и непотребно трошење на водата за време на топлите денови. 

Можете да прочитате

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење

Иванов се обрати на промоцијата на Стратегијата на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон?