Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Апасиев: Заедно до победа – борбата продолжува

Apasiev.jpg
Img 7972

Претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев упати писмо до своето членство и симпатизери со силна и борбена порака дека патот кон победата продолжува и покрај, како што се вели во писмото, „илегалната цензура” за време на оваа изборна кампања.

„Со илегалната цензура во оваа изборна кампања се потврди нашето претчувство – вмроидниот режим се плаши од нашата заедничка борба против елитите. Точно знаат од каде доаѓа опасноста. Се плашат од вистинската опозиција. Од обединета и силна Левица!”, се наведува во писмото.


Апасиев порачува дека секој ден во оваа неправедна кампања за Локалните избори 2025 претставува доказ за нивната решителност, истрајност и непоколебливост. „Знаеме дека патот дотука не беше лесен, но знаеме и дека солидарноста, правдата и чесноста овојпат имаат голема шанса за победа”, стои во обраќањето.

Во обраќањето исто така се потенцира дека Левица се профилира како втора политичка сила во државата и дека младоста, неподмитливоста и креативноста се на нивна страна. „На нивна страна се олигарсите, богаташите и корумпираните. Нашата кауза е праведна! Да не се откажеме. Да одиме напред. Непоколебливо. Со чиста совест и цврста волја”, се додава во пораката.

Апасиев ја дефинира партијата како свежина на, како што вели, „мувлосаната политичка сцена”. „Неа со ништо не можете да ја запрете! Нашата генерациска должност е јасна: да ја продолжиме оваа нерамна битка против привилегираните кои со децении ги ограбуваат и народот и Републиката. Додека тие безобразно се богатат од нашиот труд – само со сплотеност, упорност и истрајност можеме да изградиме општество на социјална правда и благосостојба за сите”, порачува лидерот на Левица.

Во писмото дополнително се нагласува значењето на секој член во овој, како што се нарекува, историски момент. „Затоа, секој од нас е важен. Да бидеме смирени во опасноста! Скромни и постојано претпазливи. Да бидеме несовладливи во офанзивата. Да останеме посветени, организирани и мобилизирани! Да бидеме секој ден на улиците. Меѓу народот, таму каде што припаѓаме. Да продолжиме напред, со збиени редови – без кукање и лелекање. Нема паѓање во духот! Победата наша не е далеку”, стои во пораката на Апасиев.

Писмото завршува со хаштаг пораките: #НародотСега #Заокружи6.

Можете да прочитате

Давкова: Верувам во посветеноста и одговорноста на Хрватска и Словенија кон регионот и очекувам исчекор кон ЕУ

Игнорирани и понижени – медицинските сестри бараат објаснување од Министерството за здравство

Филипче: Цените се надвор од контрола, затоа власта спинува со некакви куфери со пари