Утрински Весник
Македонија

Апасиев во Крушево: Борбата е вечна, победата неизбежна

Apasievkrushevo.jpg
Dik 300x250 mk

Соопштение за јавнот на Левица:

Денес, по повод Илинден, делегација на Левица, предводена од пратеникот и претседател на Партијата, проф. д-р Димитар Апасиев, положи свежо цвеќе на Мечкин Камен, заедно со членот на Президиумот м-р Александар Симонов и раководителката на Црвена младина, Милица Давчева.


И во 1903 и во 1944 година, Илинден претставува прекин на поредокот кој го одржуваше угнетувањето, понижувањето и нееднаквоста. Беше удар врз систем кој го држел народот без глас, без моќ и без иднина.

Денес суштината повторно се отвора преку прашањата: Кому му служи оваа држава? Чии интереси брани? Зошто младите бегаат, а постарите молчат? И каде исчезна идејата дека оваа земја може да биде место за слободен и достоинствен живот за сите?

Државата е терен каде што секој ден се судираат интересите на трудот и капиталот, на мнозинството и елитата, на поробениот и угнетувачот. И додека човекот е подреден на профитот, додека политиката е заложник на геополитички диктати, а историјата се прекројува по нарачка – Илинден останува жива обврска, а не завршена страница.

Сѐ додека не изградиме општество во кое човекот ќе биде над капиталот, државата ќе биде алатка на народната волја, а земјата заштитена од распродажба и бришење – Илинден нема да биде минато, туку задача.

Можете да прочитате

Потврден притворот за Рустеми и Саити – обвинети за загрозување на животната средина со отпад

Филипче: Ја слушаме јавноста и ќе ги направиме неопходните кадровски промени во СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче уште го игра бугарското сценарио