Утрински Весник
Македонија

Апасиев со тужба за Гаши за поништување на надзорната расправа за Кочани

Apasiev.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Димитар Апасиев, пратеник и претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, вчера поднесе тужба до Управниот суд против Собранието на Република Македонија и претседателот на парламентот, Африм Гаши. Повод за судската постапка според Апасиев е неделовничко и противзаконско поништување на уредно закажаната Надзорна расправа за трагедијата во Кочани, која требаше да се одржи на 8 јули годинава, на Петтата седница на Комисијата.

Како што претходно информираа Апасиев и Левица расправата била легитимно закажана согласно Деловникот, откако на претходната (четврта) седница, по бојкотот од пратениците на владејачката коалиција ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ, преостанатите членови на Комисијата, со кворум од 1/3, го изгласале одржувањето на расправата. Тема на истата требало да бидат пропустите на државните институции кои придонеле за трагичниот настан во дискотеката „Пулс” во Кочани, каде што на 16 март годинава животите ги загубија повеќе млади лица.


Сепак, со интерен допис, спикерот Гаши, како што претходно наведе Апасиев,  прекршувајќи го Законот за Собранието и без правна основа, самоволно ја поништил Поканата за расправата. Апасиев тврди дека оваа постапка е дел од поширока шема за прикривање одговорност за трагедијата во Кочани и обид на власта да ја избегне транспарентноста и јавната одговорност.„Се прави сè за Кочани да не се спомне во Собранието. Се штитат началници, инспектори, дилери, политичари…, мафијашки шеми што допираат до самиот врв на власта. Ова е уште еден нехуман и очаен обид да се купи време и да се амортизира народниот гнев”, велат од Левица.
Левица, како што најави пред дваесетина дена, вчера ја започна правната битка, а освен тужба за Собранието и спикерот Гаши имаа најавено и претставка до Уставниот суд, како и нова интерпелација за Гаши заради неговото, како што го нарекуваат, „самовластие”.

Апасиев порачува дека нема да дозволи темата Кочани да се потисне во тишина и најавува дека ќе ги искористи сите институционални механизми за да ја истера вистината до крај.

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен