Утрински Весник
Македонија

Апасиев: Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ функционира беспрекорно

Apasiev.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лидерот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев на новинарско прашање околу договорот за стратешко партнерство со Велика Британија, оцени дека е катастрофално штетен за државата.

Апасиев, појаснувајќи го делот на тоа што во Член 6 се вели дека двете страни, Македонија и Велика Британија, немаат право на арбитража, трибунал, ниту на постапки пред домашните и меѓународните судови, тој коментираше.


– Морам да кажам дека коалицијата ВМРО-ДУИ си функционира беспрекорно. Денеска го шверцаат во Собранието. Утрово во 10 добивме порака дека во 11 е закажана Комисијата за надворешна политика кај Муса Џафери, кој е кадар на ДУИ, што значи дека има договор со нив за тоа, рече Апасиев.

Тој во коментарот за Договорот го оцени како катастрофален, бидејќи ја презадолжува државата. Според Апасиев, договорот е преседан по две основи: по износот на задолжување, тоа значи дека во наредните три децении секое новородено бебе ќе треба да враќа долг од 6.000 € и од друга страна, по изземањето на домашниот правен поредок.

– Во овој конкретен случај, мислам дека има работи и за Уставниот суд, бидејќи таква одредба што го иззема националното и меѓународното право е невиден преседан. Ако се сеќавате, за Бехтел и Енка носевме закони кои целосно го дерогираа постојниот правен поредок, а ова целосно го иззема, што е без преседан. Мислиме дека ова е катастрофално штетен договор за државата, рече Апасиев.Тој кажа дека нема информација од собраниските служби за патните трошоци, бидејќи се на пауза.

-Од јануари одбиваат да ги дадат информациите за патните трошоци, зашто нашите сомнежи се дека имало пратеници од владејачката партија кои користеле и патни трошоци и кирија за стан. И тоа сакавме да го докажеме, меѓутоа службите одбиваат да го направат и сè додека одбиваат, ние ќе бараме еден час пауза претходно. Се надеваме дека ќе добиеме информации, зашто ни следуваат согласно закон, рече Апасиев

Можете да прочитате

СДСМ обвинува за координиран напад од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Додека УЈП собира арач – нема пари за плати има само за тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да одговори на чие име е станот во Дубаи