
Соопштение за јавност на Левица:
Повеќе од пет месеци генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, одбива да ѝ достави одговор на пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, за тоа кој пратеник колку средства зел за патни трошоци и кирии.
Ваквото прикривање, ароганција, грубо кршење на деловничките и законски одредби, нетранспарентност – и денес беше причина за одложување на собраниската седница за еден час по барање на пратеникот и лидер на #Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, којшто во своето процедурално обраќање ги цитираше членовите од Деловникот кои службите под контрола на власта и спикерот Африм Гаши не ги почитуваат и истакна:
„Фасцинантна е вашата креативност кога сте на власт, кога треба нешто да заташкате, со таа неизживеана колективна сатисфакција дека, ете „ви се може” да ги зафркавате пратениците. Што мислите? Дека нема да дознаеме дека во изминативе 15 години ДПМНЕ зело четири милиони евра за патни трошоци? Дека СДСМ има два милиони евра? Дека ДУИ има 700 илјади евра?”
Сомнежот дека пратениците паралелно, злоупотребувајќи ја функцијата, земале и средства за патни трошоци и за кирии – станува сѐ пооснован поради ваквото игнорирање и недоставување на одговор на прашањето и повикот за транспарентност.