Утрински Весник
Македонија

Апасиев: Ако не гласаш немој ни да плачеш – толку е просто!

Apasiev.webp.webp

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку социјалните мрежи се обрати на, „апатичните надпартиски негласачи“, објаснувајќи како функционира македонскиот изборен систем без цензус и според Донтова формула.

„Имаш 1.000 гласачи. 900 од нив, со менталитет ’ние не сме партија’, не излегуваат на гласање! Останатите 100 партијаши гласаат и одлучуваат кој ќе биде власт. Ете, така. Толку е просто“, напиша Апасиев.


Во продолжение порачува „После ова, пак не гласај! Ама немој ни да плачеш, о ти превозвишен ’граѓанецу’, коа вмрааната ќе ти го крои животот у твојата општина“.

Можете да прочитате

Криумчарење мигранти: Скопјанец криел пет Египќани во автомобил

СДСМ: ВМРО ДПМНЕ народот го нарекува куче

Филипче: Опасност од мигранти, проблем е Владата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините тајни разговори