Утрински Весник
Спорт

АО го зголеми наградниот фонд

АО го зголеми наградниот фонд
Dik 300x250 mk

Вкупниот награден фонд на Австралија опен, кој започнува на 16. јануари следната година, ќе изнесува рекордни 76,5 милиони австралиски долари (48,5 милиони евра), изјави директорот на првиот тениски гренслем сезонава, Крег Тајли.

dobivaj vesti na viber

Ффондот за награди е зголемен за 3,4 отсто во однос на претходниот турнир. Победниците во сингл во машка и женска конкуренција на Австралија опен во 2023 година ќе освојат по 2,975 милиони австралиски долари (1,886 милиони евра).

Поразените во првото коло на првиот Грен слем турнир во сезоната ќе добијат 67.384 евра, што е зголемување за 3,2 отсто.

„На Австралија опен го зголемивме наградниот фонд за секое коло од квалификациите до финалето. Посебно го зголемивме наградниот фонд за првото коло на турнирот“, изјави Тајли и додаде дека со зголемувањето на наградниот фонд организаторите сакаат да им помогнат на тенисерите да вложат пари во своите кариери.

Отвореното првенство на Австралија ќе се одржи од 16. до 29. јануари во Мелбурн, а титулата ја брани Шпанецот Рафаел Надал во машка конкуренција, додека кај дамите ќе добиеме нова шампионка, бидејќи победничката Ешли Барти ја заврши кариерата.

Можете да прочитате

Беќири: Ваквите победи се послатки

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации