Претеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, предложи да се заклучи собрсниската сала и да се направат тестови за конзумирање дрога, но и алкохол на сите пратеници. Ова доаѓа откако претходно, Талат Џафери упати обвинување за користење дрога, реплицирајќи му на Јанушев, на претходна седница.
“Навистина ми е жал што спикерот Џафери не е тука, а уште повеќе ми е жал што не најде доблест и храброст да се извини за вчерашните односно сабајлешни закани кон мене односно моите малолетни деца. Ќе му се обратам на Талат за две работи: ако се сомнева дека било кој во Собраниево користи дрога – слободно заклучете ги вратите, повикајте служби, повикајте и цела Влада, но донесете и дрегери, па да направиме тест и за дрога и за алкохол. И да не излеземе додека не ги добиеме резултатите. А доколку, со тоа што ми порача ако имам проблем со нечиј син да излезам надвор и да се видам, и ако мислеше на тоа да ги вркстиме нашите правни познавања – тогаш не надвор, еве нека одбере во било која телевизија да го вкрстиме знаењето за правната проблематика. Ако мислеше за друга пресметка – нема проблем и за таква, но не надвор и не без камери туку со камери. За да не биде не видов, повеќе беа, помалку беа. Не бегаме од тоа”, кажа Јанушев.
Пратеникот испрати уште една порака: “Талат или било кој, ми ги спомене ли уште еднаш малолетните деца, нема добро да заврши. И ова не е закана, ова е ветување”.