Утрински Весник
Магазин

Антонела Меси е речиси двојно побогата од Георгина на Роналдо

Антонела Меси е речиси двојно побогата од Георгина на Роналдо

Антонела Рокузо Меси и Георгина Родригез се поубавата половина на најпознатите фудбалери во светот, а деновиве некои навивачи и фанови се заинтересираа која од овие две дами има повеќе пари на својата банкарска сметка.

dobivaj vesti na viber

Имено, богатството на Георгина, партнерката ан Роналдо, се проценува на 12 милиони евра, што е речиси половина од богатството на сопругата на Меси, Антонела, чие богатство се проценува на повеќе од 20 милиони евра.

Според неофицијални информации, Лионел Меси, исто така,  е побогат од Роналдо. Неговото нето богатството се проценува на 560 милиони евра, а на Роналдо на 470 милиони евра.

И додека Геооргина најмногу зависи од приходите на Роналдо, тоа не е случај со Антонела. Во текот на студентските денови таа потпишала договор со аргентинска компанија, а потоа основала и сопствен синџир на женски чевли.

Роналдо секој месец ѝ плаќа на својата партнерка околу 100.000 евра, а наводно, ова е „џепарлак“ што ѝ го дава во знак на внимание за грижата за нивните деца.
Пред врската со Роналдо, Георгина работела во продавница, каде што го запознала фудбалерот. Заедно, двојката ги има ќерките Алана-Мартина и Беле.

Антонела и Лионел се познаваат од детството, а се венчаа во 2017 година и имаат три сина Тиаго, Матео и Сире.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста