Утрински Весник
Свет

Антитерористичка акција во Лондон: Четворица уапсени под сомнение за шпионажа во корист на Иран

20260306110906 big 730x400 85.webp.webp

Четворица мажи се уапсени во Обединетото Кралство во рамки на антитерористичка истрага под сомнение за шпионажа во корист на Иран, соопшти денеска лондонската Метрополитен полиција. Приведените се сомничат за помагање на странска разузнавачка служба и следење на чувствителни локации.

Според полициските извештаи, истрагата е насочена кон сомневања за надзор на локации и поединци поврзани со еврејската заедница на подрачјето на Лондон. Апсењата се извршени во текот на ноќта на адреси во северниот дел на британската престолнина.


Командантката на антитерористичката единица во Лондон, Хелен Фланаган, истакна дека станува збор за дел од долготрајна истрага.

– Разбираме дека јавноста, а особено еврејската заедница, би можела да биде загрижена. Како и секогаш, ги повикувам граѓаните да останат претпазливи и да нè контактираат доколку забележат нешто сомнително – изјави Фланаган.

Од четворицата главни осомничени, еден е ирански државјанин, додека тројца имаат двојно британско-иранско државјанство. Во рамки на истата акција, приведени се уште шест други лица под сомнение за помагање на сторителите.

Оваа операција доаѓа во период на зголемени тензии и засилени мерки за безбедност во британската престолнина.

Можете да прочитате

И Салвини со поддршка за Орбан по директните закани на Зеленски кон унгарскиот премиер

Цените на нафтата нагло пораснаа поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток

Трамп се закани со затворање на владата поради неуспехот да се усвои изборниот закон