Утрински Весник
Македонија

Антикорупциска отвори предмет за патувањето на синот на премиерот во Вашингтон

Img 20240713 Wa0005.jpg

Синот на премиерот Христијан Мицкоски Јован под лупа на антикорупциска, ќе испитуваат дали патувал во Вашингтон како дел од делегацијата или пак приватно. Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска за ТВ 24 појаснува дека тие по допрен глас го оформиле предметот по кој ќе постапуваат.

Опозицијата СДСМ е упорна, останува на обвинувањето дека премерот Мицкоски ја лаже јавноста и бара да се објават приватните сметки за патувањето на неговиот син.

– Мицкоски веќе два дена се крие и не одговара на прашањата на граѓаните и јавноста во однос на патувањето на синот во Вашнгтон како дел од делегацијата на Владата. МНР невешто се обидува да го брани Мицкоски кој се крие, а може со само една постапка да ги отфрли сите обвинувања – да ги објави сметките со кои тврди дека приватно го платил патувањето на синот. – цвелат од СДСМ.

Се огласи и министерство за надворешни работи и трговија – велат дека Јован Мицкоски не бил дел од офицјалната делегација што ја претставуваше земјава на Самитот на НАТО

– Делегацијата на Самитот на НАТО беше прецизно дефинирана од Алијансата и броеше вкупно 21 членка, согласно протоколите на НАТО. Воедно, нагласуваме дека Јован Мицкоски, синот на шефот на Владата, Христијан Мицкоски, не беше еден од членовите на делегацијата, иако претседателот Мицкоски имаше покана да биде придружуван од член на семејството. – велат од министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Ваков случај со патување на свое дете имаше и пред две години кога во 2022 тогашниот премиер Димитар Ковачевски со својата ќерка беше во дводневна посета на Рим и Ватикан по повод 24 мај чествување на сесловенските просветители Кирил и Методиј.

Тогаш, тогашна опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ прашуваше дали Тамара тогаш отишла на товар на буџетот и на основа на кои протоколи и таа отпатувала со македонската делегација, на што Ковачевски велеше дека не се пречекорени протоколите и дека не е невообичаено државникот да поведе по свој избор било кој член од семејството.

Можете да прочитате

Димитриевски: Времето на етнизација и поделби по етнички клуч треба да биде минато, „Вреди“ собира евтини политички поени

Полициските хеликоптери фрлија над 110 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и светиниколско

ВРЕДИ го брка ЗНАМ од Владата?