Утрински Весник
Македонија

Антикорупциска до Груби: Квалификациите од страна на висок функционер за кој има отворено предмет, не се ништо друго туку вршење притисок

Ивановска: Не треба да се зголемат надлежностите туку капацитетите на антикорупциската комисија

„Во право сте г. Груби, Антикорупциска нема капацитет да се вози во службени возила 24/7 и за приватни цели, да злоупотребува државни простории, да користи репрезентација и службени платежни картички, ниту да се расфрла со буџетски пари, но бидете уверени дека има капацитет да ги исполни своите законски обврски и надлежности и да изработи бројни иницијативи и препораки кои сеуште чекаат ред и време за да се постапи по нив“, реагираат од Антикорупциската комисија по изјавите на првиот вицепремиер Артан Груби дека „Антикорупциска не ја бива“.

dobivaj vesti na viber

Во официјалното соопштение антикорупционерите го потсетуваат груби дека четири години по ред во Извештајот на ЕК за напредокот на земјата, добиваат позитивни оценки за својата проактивност и отворање случаи против високи функционери, што е, како што велат, директна потврда за оправданоста на нивното работење и за ажурноста на Комисијата токму во овој состав.

„Исто така, во своите извештаи ЕК ги повикува надлежните институции да постапуваат по препораките на ДКСК. Преку своето работење, независност и непристрасност, Комисијата вложува сериозни напори да се задржи и зајакне интегритетот на институцијата, а со своето залагање за правилно разбирање на принципите и доследно владеење на правото, направи сериозен исчекор во сегментот во кој работи. Зачудува фактот што оваа оценка на ЕК како највисоко тело на ЕУ, Вие не ја признавате и изнесувате неосновани обвинувања, а истовремено се залагате за брз влез во ЕУ“, се истакнува во информацијата.

ДКСК, потенцираат од таму, е независна институција, со надлежност да постапува по предмети за избрани и именувани функционери.

„Квалификациите за капацитетите на Комисијата од страна на висок функционер од Владата на РСМ за кој има отворено предмет, не е ништо друго туку вршење притисок врз работата на Комисијата, и оркестриран обид за дефокусирање на јавноста. Ова дотолку повеќе што неодамна Кабинетот на вицепремиерката за добро владеење ја обвини Комисијата за паушални и неосновани обвинувања поврзани со предметот за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко иако на прес-конференцијата на ДКСК такво нешто не беше споменато, а вице премиерот за евроинтеграции на билатералниот скрининг за образование култура и спорт побара од претседателката да не ја известува ЕК за поднесената тужба за клевета од страна на директорот за млади и спорт, Наумче Мојсовски. ДКСК има капацитет да се избори со вашите оркестрирани напади.

Коментирајќи ја работата на комисијата, Груби во гостување на национална телевизија изрази незадоволство од работата на антикорупционерите иако како што рече самиот ги избирал.

„Деновиве ја отфрлија пријавата против мене во ДКСК на поднесокот на ВМРО-ДПМНЕ. Огромно мнозинство од случаите се или изгубени по административни постапки или отфрлени од судиите и се надевам дека следниот состав ќе биде посериозен. Па, вo нивниот мандат немаат ни еден случај кој им поминал. Државната комисија за спречување на корупција не ги бива. Немаат капацитет“, рече Груби во гостувањето.

Коментарот на Груби следи на прашањето што мисли за купувањето на деловниот објект „Соравија“ од страна на внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како и за вклучувањето на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на црната листа на САД.

Можете да прочитате

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите