Утрински Весник
Македонија

Антициклонот “Зевс” во првата седмица од февруари ни носи стабилно и суво време – Температурите во пораст!

T2m 168 660x330 1.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Метео анализа на Славчо Поповски:

Првата седмица од февруари месец во Македонија ќе помине во знакот на стабилно, суво и претежно сончево време, со малку повеќе облачност и со засилен ветер од северен правец во петок. Токму ова стабилно време е поради влијанието на антициклонот “Зевс”.

Температурите, особено за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе бидат во значителен пораст и ќе бидат натпросечно високи, па така максималните дневни температури на воздухот на повеќе места ќе надминат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе достигнат и до пролетни 18 степени.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време, со значителен пораст на температурите за време на викендот, како и во почетокот на следната седмица.

Според моменталните анализи со кој располагаме, враќањето на зимата и на снегот ќе ги очекуваме по 10 февруари.

Можете да прочитате

Цистерна се преврте на патот Струга – ГП Ќафасан, сообраќајот во прекин

Во Берово утрово -9, во скопски Петровец -8 степени

ВМРО-ДПМНЕ: Дали на Бихаќка ќе слават Нова година по дубајско време и дали го резервираа навреме Харис да им пее?