
Под влијание на Антициклон (Поле на висок воздушен притисок) распространет над поголем дел од Европскиот Континент во нашата Република Македонија следува долг период на претежно сончево време со повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час) особено утре (четврток 18 септември). И во Скопје и околината следува долг период на сончево време со повремено засилен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 60 км/час) и тоа особено утре (четврток 18 септември).
Наутро ќе биде релативно ладно па така и тоа како ќе ни биде потреба топлата облека кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 13 степени, а во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 10 степени. На високите и планинските места температурите ќе бидат уште пониски со што е можна појава и на слаб мраз и на слана.
Максималните дневни температури во следните денови пак кај нас ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 30 степени, а во Скопје и околината преку денот температурите ќе се искачуваат до околу 30 степени.