Утрински Весник
Спорт

Анри го објави тимот за ОИ: Лаказет се враќа во репрезентацијата на Франција

20240603174743 Big 730x400 80.webp.webp

Селекторот на француската олимписка фудбалска репрезентација Тиери Анри објави поширок список од 25 играчи за претстојните Олимписки игри во Париз, јавуваат денеска од тимот.

Француските медиуми пренесуваат дека најпознатото име на списокот на Анри е капитенот на Олимпик Лион, Александре Лаказет.

Репрезентацијата на Франција до почетокот на Олимписките игри ќе одигра пријателски натпревари со селекциите на Парагвај, Јапонија и Доминиканската Република.

Олимпискиот фудбалски турнир ќе се одржи од 24 јули до 9 август, а Франција ќе игра во групата А со Гвинеја, Нов Зеланд и САД.

Списокот вклучува:

Голмани: Лукас Шевалие (Лил), Обед Нкамбадио (Париз), Гијом Рест (Тулуз), Робин Рајзер (Дижон).

Одбрана: Бафоде Диаките (Тулуз), Максим Естеве (Монпеље), Бредли Локо (Брест), Кастело Лукеба (Лајпциг), Килијан Силдилија (Фрајбург), Адриен Труфер (Рен), Лени Жоро (Лил).

Среден ред: Мање Аклиуш (Монако), Жорис Шотарт (Монпеље), Дезире Дует (Рен), Ману Коне (Борусија Менхенгладбах), Енцо Мило (Штутгарт), Кепрен Тирам (Ница), Лесли Угочукву (Челси), Ворен Заир-Емери (ПСЖ).

Напад: Бредли Баркола (ПСЖ), Арно Калимуендо (Рен), Александре Лаказет (Лион), Жан-Филип Матета (Кристал Палас), Мајкл Олисе (Кристал Палас), Матис Тел (Баерн).

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024