Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Анонимен Унгарец го победи Алкараз во Рим

Анонимен Унгарец го победи Алкараз во Рим
300x250 opst2

Карлос Алкараз, денес се врати на првото место на АТП листата и доживеа шокантна елиминација на Мастерсот во Рим. Светскиот број 1, по 100 минути борба, загуби во два сета од 135. на АТП, Фабијан Марожан.

dobivaj vesti na viber

Анонимниот Унгарец, 18. годишниот Марожан, приреди едно од најголемите изнеадувања воппшто оваа сезона. Во третото коло на Мастерсот во Рим, тој го победи Карлос Алкараз со 6:3, 7:6.

Алкараз имаше брејк топка во првиот гем, не ја искористи и пота првиот сет во целост му припадна на разиграниот Марожан. Беше исклучително сигурен кога сервираше, а брејкот во четвртиот гем му помогна да го освои сетот.

По исто сценарио се играше и вториот сет. Марожан напраи брејк за 4:3, меѓутоа тука подлегна на притисокот, Алкарас возврати израмни на 4:4, а подоцна избори тај-брејк.

Во 13. игра, Алкараз имаше предност 4:1, но до крајот Марожан врза шест поени и ја забележа најголемата победа во кариерата.

На крајот Марожан имаше 24 винери и 12 неизнудени грешки, Алкараз беше во дебел минус, 13 винери и 24 неизнудени грешки.

Фабијан Марожан во осминафиналето ќе игра против Хрватот, Борна Чориќ.

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН